Пол-позиција за Џорџ Расел за големата награда на Сингапур. Под светлоста на рефлекторите на Сингапур, бевме сведоци на историјата која Британецот ја испиша и кој стигна до нова стигна до нова пол-позиција. Возачот на Мерцедес го постави најбрзиот круг досега на спектакуларните улици на Сингапур – 1.29.158 и стигна до првото место од кое ќе стартува утре на главната трка.
Макс Верстапен заврши на второто место, а Оскар Пјастри ќе го заземе третото стартно место. Кога станува збор за вториот возач во вториот стартен ред, тоа ќе биде Кими Антонели.
Ландо Норис заврши петти, додека Луис Хамилтон го освои шестото место. Шарл Леклерк ги заврши квалификациите на 7-мо место, Хаџар 8-ми, Берман 9-ти, а Фернандо Алонсо 10-ти.