Тиквеш со триумф среде Битола!

78

Ракометарите на Тиквеш, вечерва во Битола во меч од 6.коло во нашата ракометна Суперлига, успеаја да дојдат до победа како гости кај вториот тим на Пелистер. На крајот резултатот беше 17:23.

Резултат кој можеби е неочекуван ако се знае дека ова е само втора победа на кадаречкиот тим, но според играта и како течеше овој меч, секако апсолутно заслужено.

Уште во првиот дел се виде дека на овој натпревар гостите од Кавадарци и тоа како ќе се прашуваат, овој период ракометарите на Тиквеш го добија со 8:13. Во продолжение од мечот Пелистер 2 со сите сили се обиде да дојде до пресврт, но сепак на крајот бодовите заминаа за Кавадарци.

Со по четири гола Белистојановски кај домашните и Коцев кај гостите беа најефикасни на средбата.

ПретходноПоради повреда: Калин објави крај на сезоната!
СледноНестор асистент, ама доби два жолти и црвен за две минути!