Oчајната форма ги премисли: Реал повеќе не е заинтересиран за Конате?!

33
фото: Liverpool FC (X)

Интересот на Реал Мадрид за францускиот дефанзивец Ибрахима Конате (26), чиј договор со Ливерпул истекува следното лето, е намален. Неконзистентната форма на Конате покрена сомнежи за него во мадридскиот клуб, кој сериозно ќе размисли дали да тргне во обид да го добие за следната сезона како слободен играч.

Конате има рок до декември да го потпише новиот договор со Ливерпул. Ако тоа не се случи, од 1 јануари тој ќе може да се договара со клубови кои се заинтересирани да го донесат во јуни. Доколку Ливерпул не успее да го убеди, има две опции за негова замена. Првата останува англискиот дефанзивец Марк Геи (25) од Кристал Палас, а како втора опција е француски соиграч на Гие во Кристал Палас, Максенс Лакроа.

ПретходноПо победата против Фулам: Борнмут си гази и најмалку до утре ќе биде втор на табелата во ПЛ!
СледноПСЖ ја победи Барселона пред три дена, а сега сака да и земе играч бесплатно