Добра вест од Битола: Брестовац ќе паузира околу дестина дена

87

Давид Брестовац ги загрижи сите во Пелистер за време на дерби дуелот против Вардар 1961 во рамките на петтото коло во Супер-лигата. Младиот голман на актуелниот македонски првак во 26. минута со болки во коленото беше изнесен од теренот, откако доби удар од Малус. Ракометарот на Вардар беше во налет во обидот на постигне гол од цепелин.

После деталните прегледи во таборот на Пелистер можат да здивнат. Брестовац нема сериозна повреда, но ќе биде надвор од терените најмногу две недели.

Битолчани уште на стартот на сезоната се мачат со повреди, Митревски во подготвителниот дел не бранеше, по добрите партии се повреди Иранецот Саид Хеидарирад. Младиот Брестовац се покажа како соодветна замена за двајцата, па добра вест е што наскоро ќе се врати во составот.

Денеска продолжуваат мечевите во Супер-лигата, во рамките на шестото коло Пелистер 2 е домаќин на Тиквеш (18часот), додека пак Вардар му гостува на Радовиш (19:30 часот)

ПретходноОдбојкарите вечерва ќе ги добијат противниците на ЕП 2026
СледноМанчестер Јунајтед потроши вистинско богатство отпуштајќи менаџери