Кавадарчани со победа ја започнаa новата сезона!

71
ФОТО:KFSM.MK

Кошаркарите на Тиквеш Голден Игл го направија првиот „брејк“ во новата сезона од МТЕЛ Супер лигата откако на гостински терен , во салата„Младост“ го совладаа Гостивар, на крајот мошне убедливо со 67:81.

Гостите од Кавадарци беа подобар ривал во првите 20.минути. Уште на почетокот на средбата во „Младост“ дојдоа до солидна предност која на истекот на првата четвртина изнесуваше седум поени (23:16).

Во исто темпо продолжија кавадарчани и во втората, во која имаа и двоцифрен вишок. Во 14.минута, Тиквеш Голден Игл поведе со највисоки (32:18).

Истата предност гостите ја имаа и некоја минута подоцна (35:21), која со шеест поени по ред, гостиварци ја сведоа на едноцифрена, заостануваа „само“ осум поени, (27:35).

Но домашните не направија нешто повеќе од тоа. До крајот на првото полувреме екипата од Кавадарци одново, сега со мини-серија (7-0) се одвои на двоцифрена разлика. Во последната минута беше и највисоки (42:27) за Тиквеш Голдне Игл, пред американскиот двоец во Гоостивар, Елербе-Абрам не ја сведе на нешто пониски (30:42).

Со 14. поени, Абрам беше и најефикасниот играч на двете страни од теренот, го следеше Дис, кој постигна 10 за гостинската екипа, во која комплетната прва петорка „влезе“ во записникот.

Најдобрите моменти екипата на Гостивар беа првите пет од третиот период. Оние во кои направија серија од (13-4) со која дојдоа на минус од само три поени (43:46).

И наместо да продолжат во тоа темпо, избраниците на тренерот Љупчо Малинков застанаа.

Закочи Гостивар на таа бројка – 43, од друга страна, по тајм-аутот, кавадарчани вратија уште посилно. Реализираа гостите дури 15.поени, домаќините ниту еден.

Па по три одиграни четвртини Тиквеш Голден Игл имаше големи (61:43).

Во воведните минути од последната стигнаа три тројки од екипата-домаќин, две на Абрам, една од Младеновиќ, за намалување на негативата на (52:65). Но веднаш „реагираа“, за враќање на високото водство (69:52), на нешто повеќе од четири минути до крајот на суперлигашката премиера во Гостивар, позитивен за гостинската екипа.

Освен Дис, кој дојде до 23. реализации, во вториот дел од играта во гостинската екипа се разиграа Андерсон, кој комплетираше 15.поени (седум скока и четири асистенции) и Џексон, кој заврши со 16.поени (пет скока и три асистенции).

На својот прв меч како играч на Тиквеш Голден Игл, Бошалески запиша дабл-дабл од 11.поени и 11.скока (имаше и четири асистенции).

Во домашната, поентерски предначеше Глен Абрам, стрелец на 30.поени (пет скока и три асистенции).

ПретходноНестор асистент, ама доби два жолти и црвен за две минути!
СледноЛиверпул загуби од Челси, го загуби и првото место на табелата во ПЛ!