Тимот на Леванте е победник на стартниот дуел од денешната Примера програма, откако овој тим со 0:2 беше поуспешен на гости кај екипата на Реал Овиедо.
Карлос Алварез во 30. минута ги доведе гостите во водство, а потоа домашните тргнаа во каква таква офанзива за да израмнат.
Тоа не само што не се случи туку гостите го удвоија водството преку Ета Ејонг во 72. минута.
До крајот домаќинот немаше сила за ништо освен да го признае поразот. Леванте сега има осум бода и е на дванаесетото место, додека пак Овиедо е три места подолу со шест поени.