Ракометарките на Металург Автокоманда се на чекор до следната фаза во ЕХФ Купот!

55
ФОТО: Screenshot

Убедлива победа на ракометарките на Металург Автокоманда против Диферданж со 40:25 во првиот меч од 1.коло во ЕХФ Купот. Па така може да се каже дека се на чекор до пласман во следната фаза, со оглед на тоа дека има и реванш, а тој ќе се игра утре исто така во салата во Автокоманда.

Од ова произлегува дека нашиот европски претставник е веќе во 2.коло, но да почекаме до утре иако гостинките од Луксембург реално немаат шанси против Металург Автокоманда.

Уште на стартот нашите ракометарки наметнаа свој ритам кој гостинките не можеа да го следат, па така на крајот од првиот дел резултатот беше 17:11 за Металург Автокоманда.

Во второто продолжение домашните ракометарки уште повеќе го засилија темпото и на крајот остварија победа од +15 разлика или 40:25.

Ана Марија Коларовска со седум голови беше најефикасна кај победничкиот тим.

ПретходноРасел со пол-позиција во Сингапур!
СледноЏирона славеше против Валенсија, Столе повторно остана на клупата!