РК Вардар со рутински триумф кај Радовиш за продолжување на перфекцијата!

71
ФОТО: RK Vardar 1961/FB

Вечерва во Радовиш истоимениот тим мораше да му честита на гостинот од Скопје, на составот на РК Вардар за перфектните “шест од “шест“ на стартот од сезоната.

Големиот фаворит успеа да победи со 27:33. Иако не блескаа “црвено – црните“ сепак имаа доволно сила и квалитет во себе за да без проблеми го доведат овој меч во своја корист.

Нема што, РК Вардар е во форма и засега си гази во македонската ракометна Суперлига.

На почетокот од мечот домашните дадоа жесток отпор, беше 1:1, па 3:3, и 6:6, но потоа гостите резултатски се одлепија за да на одмор се замине со 8:14.

Во продолжение од средбата вардарци го контролираа текот на мечот и на крајот дојдоа до очекуваните бодови. Треба да се каже дека Вардар до оваа победа дојде без речиси половина тим.

ПретходноЖРК Чаир и Куманово се збогуваа со Европа
СледноИнтер покажа кој е кој против Кремонезе!