Џирона славеше против Валенсија, Столе повторно остана на клупата!

28
ФОТО: Girona FC/X

Џирона – Валенсија 2:1 е исходот на мечот од 8.коло во Ла Лига. И веднаш да кажеме, она што е најважно за нас, нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и на овој натпревар остана на клупата на Валенсија.

Домашните поведоа со голот на Ванат во 18.минута, со тие 1:0 се замина на пауза.

Во второто полувреме, гостите успеаја да израмнат на 1:1 и тоа со голот на Лопез во 57.минута. Сепак само шест минути подоцна, Џирона со погодокот на Мартинез успеа да ги грабне сите три бода.

Последните десетина минути бевшиот клуб на Бојан Миовски, играше со играч помалку откако Мартин доби втор жолт, односно црвен картон.

ПретходноРакометарките на Металург Автокоманда се на чекор до следната фаза во ЕХФ Купот!
СледноПоради повреда: Калин објави крај на сезоната!