Башкими ја поздрави брзата реакција: Ова е доказ дека ФФМ сака да го одбрани интегритетот на ПМФЛ! (ФОТО)

453

По се она што се случи на мечот во Струмица вчера меѓу Брера и Башкими, со своја брза реакција се јави и Фудбалската федерација на Македонија.

Во таа реакција стоеше дека главниот судија погрешил и дека ќе биде негативно оценет.

По ова денеска со свое официјално соопштение раководството на Башкими го поздрави овој потег на ФФМ:
„Башкими1947 ја поздравува брзата одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Судиската комисија по скандалозното судење на вчерашниот натпревар против ФК Брера.
Непосредната реакција и изрекувањето на првата казна против судијата Пларент Салиу покажува дека ФФМ е решена да го заштити интегритетот на натпреварувањето и да дејствува против поединци кои го нарушуваат имиџот на фудбалот. Силно се надеваме дека ова е само почеток и очекуваме понатамошни мерки против секое однесување што ја нарушува фудбалската правда.
Фудбалот оди напред само со праведност и непристрасни одлуки. Не посакуваме таква неправда на никого. Апелираме вакви случаи да не се повторуваат повеќе, бидејќи секој клуб заслужува еднаквост на теренот
“ се вели во соопштението на кумановци.

ПретходноУдинезе и Каљари одиграа без победник!
СледноПатрик Клајверт е најгордиот татко во фудбалот!