Патрик Клајверт е најгордиот татко во фудбалот!

150
ФОТО: Patrick Kluivert/FB

Патрик Клајверт во свое време, пред две децении и повеќе, беше еден од најдобрите напаѓачи во светот на фудбалот. Неговите игри за репрезентацијата на Холандија, како и за Ајакс, Барселона, Милан и други никогаш нема да се заборават.

Токму поради него презимето Клајверт се споменува со целосен респект.

Интересно. Патрик има три сина кои исто така се фудбалери и по се она што се случи изминатата недела тој може да биде и тоа како горд.

Имено сите тројца за само неколку дена постигнаа голови за своите екипи.

На 1 октомври Шејн Патрик (18), кој игра за младиот тим на Барселона постигна гол против ПСЖ во младинската Лига на Шампионите и учествуваше во победата од 2:1.

Еден ден подоцна Рубен Клајверт (24), одигра цел меч за Лион против Салцбург во Лигата на Европа и постигна гол во победата на неговиот тим од 2:0.

Во петок на 3 октомври, на сцената се појави највозерасниот син на Патрик, Џастин Клајверт (26), кој настапи за Борнмут и беше стрелец на вториот гол против Фулам во меч кој неговиот тим го доби со 3:1.

Ете затоа Патрик Клајверт деновиве е најгордиот татко во светот на фудбалот.

May be an image of 4 people, people playing football, people playing soccer and text that says '3 SINA PATRICKA KLUIVERTA POSTIGLA GOL U JEDNOJ NEDELJI D ID 41M IMIIANI OL ansie bj88 88 bj mirates BETTER SHANE KLUIVERT RUBEN KLUIVERT JUSTIN KLUIVERT'

ПретходноБашкими ја поздрави брзата реакција: Ова е доказ дека ФФМ сака да го одбрани интегритетот на ПМФЛ! (ФОТО)
СледноНовак со пресврт до пласман во осминафиналето во Шангај!