Полесно од очекувањата, кошаркарите на Пелистер дојдоа до првата суперлигашка победа и тоа со 75:115 на гостувањето кај Работнички. Полесно од причина што, во мечот кој требаше да биде насловен и како дерби на првиот круг, пред себе имаа екипа составена од девет играчи, најголем дел до нив од младинската селекција наа Работнички.
Тим кој парираше колку што можеше против фаворитот, го прикажа тоа во неколку наврати, но на крајот пресудија и поголемиот број на играчи, но и квалитетот кој со себе го носи екипата од Битола, а го презентираше во СРЦ „Кале“.
Пелистер брзо поведе со (13:6), по нешто помалку од пет минути од играта. Работата им беше доста олеснета на битолчани ако се земе в предвид дека нивниот противник запиша само девет играчи во пријавната листа за овој натпревар, од нив само Виктор Ефремовски како еден од оние проектирани стартери, па првите 40.минути во новата сезона, најтрофејниот во оваа конкуренција мораше да ги одигра скоро со младински тим.
Се „виде“ односот на квалитетот уште во првите десет минути во кои „пелистерци“ направија голема позитива (27:13).
Водени од своите навивачи кои во меѓувреме пристигнаа во СРЦ „Кале“, , домашните вратија добар дел од негативата на почетокот на втората четврртина, период во кој имаа само едноцифрено заостанување (24:32). Момент од 13.минута, дел од играта во кој нивниот предводник на теренот, Ефремовски веќе 17.поени на своето конто.
Нешто потоа, по 22. поен на репрезентативниот шутер, Работнички имаше уште помало заостанување (34:41).
Сепак, по 20.минути , Пелистер имаше плус 12 (52:40).
По три и пол минути игра во третиот дел, гостите од Битола одново се одвоија, сега на најубедливата предност (67:49), доволно за тренерот на Работнички Владимир Мирковски да повика тајм-аут.
Не помогна многу, затоа што „зелено-белите“ реализираа уште седум поени во таа серија со кои дојдоа и до +25, (74:49). Дефинитивно недостижни за овој состав во кој се појави Работнички на премиерата на новата првенствена сезона во мак-баскетот.
На крајот, комплетната стартна петорка на Пелистер имаше двоен број на поени. Ја предводеше Малешевиќ, со 22.поени, Ленгстон.Вилсон даде 18, Си Џеј Вилсон и Митревски по 15, Стојановски имаше 13, Дејвис 11, а Крстевски уште 10. поени.
По одличното прво полувреме, Ефремовски застана на бројката од 38.реализирани поени, Наков додаде уште 10.