Во рамките од новото, деветто коло од ПМФЛ шампионатот во Кратово денеска се среќаваат екипите на Силекс и Тиквеш.
Кавадарчани во овој дуел влегуваат осоколени што се вели по победата на домашен терен минатата коло против Македонија ЃП, и сега се во потрага по нов поволен резултат. Свое мислење околу денешниот дуел дава искусниот играч за врска, Милован Петровиќ, кој што има и тоа како важна улога во овој тим на Тиквеш.
„Добро е што победивме во минатото коло против МЃП. Тој триумф ни даде сигурност, не стабилизираше, доза на консолидација, по се она што се случуваше во клубот. Таа победа мора да но биде темел за да се издигнеме како екипа од сето тоа и да продолжиме понатаму. Во кратово не очекува тежок меч, тоа е тежок терен за игра. Силекс е во резултатска криза да, но тоа не значи ништо за нас. Ние мора да сме на потребното ниво. Пристапот треба да ни е оној истиот како против МЃП, со исклулително дисциплинирана игра од првата минута“ – вели Петровиќ.
Од друга страна пак, Силекс има серија на порази кои што кратовци ги оддалечија од посакуваните позиции на самиот врв на табелата. Во Силекс некако се навикнаа да се во врвот, па сега сакаат таа ситуација да ја повратат што се вели.
Мечот во Кратово помеѓу Силекс и Тиквеш започнува во 15:00 часот.