Силекс со “минималец“ за победа против Тиквеш и за прекин на црната серија

133
ФОТО: FK Sileks/FB

Силекс со 1:0 успеа да го победи Тиквеш на свој терен попладнево во меч од 9.коло. Со оваа победа кратовци ја прекинаа црната серија од три меча со пораз во низа.

Стрелец на победничкиот гол за домашните беше Ади Алиќ уште во 9.минута, сосема доволно за да се дојде до посакуваните и непходни три бода за фаќање приклучок со водечките на табелата.

Тиквеш после тој гол имаше свои шанси барем за реми, но се повтори неефикасноста за кавадарчани кои никако не успеваа да го најдат патот кон мрежата на домашната екипа.

Токму и затоа беа поразени и останаа со празни раце од ова гостување.

Силекс пак, посебно во втоорото полувреме, знаеше како да одигра и да ја сочува победата и тие три бода.

Со овие бодови Силекс сега има 18 бода и -5 во однос на водечката Струга ТЛ, додека Тиквеш остана на тие 8 бода.

ПретходноЈанкулов го спаси Вардар, екстра дерби на Арената со Струга Трим Лум
СледноЊукасл со триумф против „Шумарите“, Грилиш во 90+3.минута го урна Палас!