Алкалоид без проблем го освои Куманово

34

Екипата на Алкалоид продолжува победнички во Супер-лигата. Кирил Лазаров и неговите момци дојдоа до планираните бодови против Куманово, откако на гостински терен славеа со 21-35. После шест одиграни кола, Алкалоид е втор на табелата со скор од четири победи и две ремија.

Името на победникот на оваа средба беше решен после едно полувреме, гостите имаа позитива од сеудм гола 10-17. Со голот на Костески во 42-та минута, Алкалоид поведе со двоцифрени 15-25, а до крајот без проблем ја одржуваше позитивата за сигурен финиш и триумф.

Мартин Серафимов беше стрелец на осум гола, четири од седум метри, додека пак Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски и Улфар Тордарсон имаа по пет погодоци. Кај Куманово, Цековски и Ончев имаа по пет погодоци.

ПретходноАртета се најде во одбрано тренерско друштво во ПЛ!
СледноШкендија (А) го доби дербито со Беласица и се искачи на врвот