Повремениот македонски репрезентативец Давид Тошевски дебитираше во дресот на новиот клуб Дендер со пораз и црвен картон. Нашиот напаѓач доби шанса во белгискиот прволигаш на денешниот дуел со Генк во 63. минута, но во триесет минути колку што беше на теренот успеа да заработи црвен картон.
Тошевски беше исклучен во 92. минута по еден груб прекршок над противнички фудбалер. Репрезентативецот само што пристигна во Белгија по заминувањето од Австрија, каде минатата сезона го носеше дресот на Австрија Клагенфурт.