Компани со Баерн Минхен испиша историја!

24
ФОТО: FC Bayern München/FB

Нема дилеми дека Баерн Минхен и оваа сезона ќе ја освои титулата во Бундеслигата. Уште на стартот “баварцвите“ просто ги “тероризираат“ своите ривали. А како игра Баерн Минхен под водство на Венсан Компани секако дека е и еден од најголемите аспиранти за пехарот во Лигата на Шампионите.

Иако минатото лето имаше недоумици за тоа дека дали легендарниот стопер на селекцијата на Белгија и Манчестер Сити е вистинско решени за клупата на “баварците“, сега веќе нема дилеми дека е навистина вистинскиот.

Компани со Баерн Минхен вчера по победата кај Франкфурт со 0:3 испиша историја. Тој е првиот тренер на Лига 5 кој успеал од стартот на сезоната да победи на сите 10 први мечеви, тука се сметаат официјалните мечеви во сите натпреварувања.

Секоја чест за Компани и Баерн Минхен.

ПретходноАлонсо: Се обидуваме да доминираме и да играме што е можно повисоко
СледноУдинезе и Каљари одиграа без победник!