Миовски остана без тренер, Расел Мартин доби отказ

54

Расел Мартин доби отказ од тренерската позиција во Глазгов Ренџерс. Оваа сезона вице-шампионот на Шкотска бележи слаби резултати во лигата и во европските натпреварувања, па поради тоа Мартин заедно со своите соработници Мет Хил и Мајк Вилиамсон повеќе нема да се дел од клубот.

Нашиот репрезентативец Бојан Миовски кој на вчерашниот натпревар го постигна својот втор погодок за екипата на Ренџерс, остана без тренер. Во наредните денови ќе биде објавена замената за Мартин на тренерската позиција.

ПретходноJувентус преживеа, Пулишиќ трагичар во Торино
СледноСелта извојува бод против Атлетико М.