Успешно деби за Игор Ангеловски – Мрме на клупата на Етникос Ахна на Кипар. Попладнево на свој терен неговиот тим славеше со 1:0 против составот на Красава, каде што е тренер исто така Македонецот Чеде Јаневски.
Ова беше во некоја рака македонско “селекторско“ дерби на Кипар ако се знае дека и Мрме и Чеде некогаш беа селектори на нашата најдобра фудбалска репрезентација.
Инаку Ангеловски пред три дена беше промовиран од страна на раководството на Етникос Ахна за нов стратег, а денеска успеа да победи во својот прв меч како стратег на овој тим.