Екипата на Пелистер се врати на победничките патеки. Актуелниот македонски првак на домашен терен славеше против ГРК Охрид со 33-27 во меч од шестото коло во Супер-лигата. Овој дуел требаше да биде дерби, но битолчани не го дозволија тоа.
Ракометарите на Пелистер брзо го наметнаа своето темпо, на одморот имаа плус четири (18-4), а мечот го отворија со 3-1. Гостите само еднаш поведоа на стартот на натпреварот со голот на Ѓукиќ. Во 48-та минута поведоа со двоцифрени 29-19, а потоа без проблем го приведоа мечот во своја корист.
Радивојевиќ со девет гола беше прв стрелец, седум погодоци запиша Манасков, пет од нив од седум метри, додека Митревски имаше 11 одбрани. Кај поразениот состав, Ѓукиќ беше стрелец на шест гола.
За Пелистер ова беше четврта победа, има реми и пораз, додека на другата страна охриѓани го запишаа вториот пораз, имаат реми и три победи.
После оваа средба македонскиот првак се врти кон Лигата на шампиони, таму го чека тешко гостување кај Висла.