После поразот од Вардар 1961, Пелистер враќање на победничките патеки ќе бара против ГРК Охрид на домашен терен. Дербито на шестото коло е закажано со почеток во 18 часот.
Актуелниот македонски првак е фаворит на оваа средба иако на другата страна има противник кој оваа сезона треба да ги оправда вложените средства.
„Општо е познато дека овој почеток ни понуди тежок распоред. Отворивме со неколку тешки гостувања, а сега одиме на гости и кај Пелистер по дуелите со Алкалоид и Вардар. Сите знаеме каков потенцијал има оваа екипа, особено игра добро на свој терен. Почнавме во ритам на игра среда-сабота, а в недела не очекува голем предизвик.
Досега покажавме дека секогаш одиме на победа. Одигравме добри натпревари во Скопје против Алкалоид и Вардар, па мислам дека и во Битола одиме на победа. Имаме потенцијал да се надеваме на тоа. Иако досега впечатокот е дека не сме се покажале целосен потенцијал, работиме вредно секој ден и мислам дека напредуваме од недела во недела. Апсолутно го почитуваме противникот Еурофарм Пелистер, ама се надеваме на победата“, изјави Вејин.
Покрај оваа средба денеска во 19 часот Куманово го пречекува Алкалоид. Избраниците на Кирил Лазаров одат по бодови со кои ќе се зацврстат на второто место на табелата.