Не е тајна дека Ерлинг Халанд е трансферна цел за сите големи клубови во Европа, пред се на Реал Мадрид и Барселона. Раководствата на двата клубане кријат дека еден ден сакаат во своите тимови да го видат напаѓачот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Норвешка.
На ова свој коментар имаше Пеп Гвардиола, кој иако Барса е “негов“ клуб беше сосема искрен и еве што им порача на двата шпански гиганти:
“Го сакате Халанд? Можете само да сонувате за него. Кажете ми еден клуб кој не го сака Ерлинг во своите редови? Јасно е дека нема таков. Сепак тој е наш и ќе биде наш до 2034 до кога има договор со Сити“ посочи менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.