Селта извојува бод против Атлетико М.

21
фото: Celta GF (X)

Екипите на Селта Виго и Атлетико Мадрид ремизираа со резултат 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Фудбалерите предводени од Диего Симеоне фантастично го започнаа и овој меч, но црвениот картон кој го доби Клемент Ленгле во 40-тата минута целосно ја поремети екипата и на крајот „јорганџиите“ беа приморани да спасуваат бод.

Атлетико поведе со автоголот на Старфелд во 6-тата минута и со тој резултат екипите заминаа на одмор. Во вториот дел Селта беше многу поубедлива и изедначи преку Иаго Аспас во 68-та минута.

Со овој резултат Атлетико се наоѓа на 5-тото место на табелата со 13 бода, а Селта е на 16-тата позиција со само 6 бода.

ПретходноМиовски остана без тренер, Расел Мартин доби отказ