Уште една брилијантна партија на нашиот репрезентативец Мартин Томовски на голот на германски Битигхајм. Денеска на мечот со неговиот поранешен клуб Лудвигсхафен, Томовски имаше фантастични 16 интервенции, кои донесоа победа на Битигхајм од 29:24.
Македонскиот чувар на мрежата имаше 40% успешност на одбранети шутеви кон неговиот гол. Со оваа победа, Битихајм по шест меча има десет бода и се наоѓа на првото место на табелата во Втората Бундеслига.