Удинезе и Каљари одиграа без победник!

14
ФОТО: Udinese Calcio 1896/FB

Во првиот меч од денешната програма во Серија А, во рамките на 6.коло, Удинезе и Каљари одиграа без победник, 1:1. Меч кој се одигра во ран термин, меч кој не донесе нешто специјално.

Гостите поведоа со голот на Борели во 25.минута и тој резултат од 0:1 важеше се до 58.минута кога домашните со голот на Кабасели успеаја да израмнат. Во тој момент ретко кој очекуваше дека тие 1:1 ќе бидат конечен резултат, но така и беше на крајот.

Со овој бод тимот од Удине сега е на 11.место на табелата со 8 бода, исто толку има и Каљари кој е десетти поради подобра гол разлика.

ПретходноКомпани со Баерн Минхен испиша историја!
СледноБашкими ја поздрави брзата реакција: Ова е доказ дека ФФМ сака да го одбрани интегритетот на ПМФЛ! (ФОТО)