Екипата на Феникс 2010 ја совлада екипата на КК Ангели со резултат 79:62. Домашниот тим одигра одличен меч и со висока победа ја отвори новата суперлигашка сезона.
Виктор Златевски беше најдобар во редовите на домашниот тим забележувајќи импресивен скор од 24 поени, 10 асистенции и 6 скока. 15 поени постигна Богатиновски, додека пак Атанасов со 12 поени беше најдобар во гостинската екипа. Во второто коло екипата на Феникс ќе се соочи со МЗТ Скопје, а Ангели ќе ја пречека екипата на Гостивар.