По високиот и убедлив пораз од Севиља на гостински терен, тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик изјави дека и во овој поразмора да се погледне на позитивните страни од играта на тимот.
„Мораме да го прифатиме овој пораз и да погледнеме на позитивната страна на работите. Направивме многу грешки во првото полувреме, но успеавме да реагираме во второто. Репрезентативната пауза во октомври ќе ни биде добра. Кога играчите ќе се вратат од репрезентативните обврски, ќе работиме напорно за да им помогнеме да ја вратат својата најдобра форма. Играме за неверојатен клуб и за навивачите, кои се разочарани од овој пораз. Но, мора да го прифатиме тоа и да продолжиме напред. Првото полувреме не беше добро – тие беа многу агресивни еден на еден, а ние не можевме да најдеме решение. Второто полувреме беше подобро, но Севиља постигна повеќе голови… По овој пораз, важно е да се држиме заедно. Ние сме добар тим и кога ќе се вратиме по репрезентативната пауза, ќе се бориме за секоја титула“, рече Флик.