Екипата на Наполи ја совлада Џенова и запиша нова победа со резултат 2:1 во италијанската Серија А. По поразот од Милан во предходното коло, момците на Антонио Конте се вратија на победничките патеки и остварија пресврт победа.
Резултатот го отвори Екатор во 34-тата минута за водство на гостите, а во вториот дел Замбо Ангиса во 57-та и Расмус Хојлудн во 75-тата минута му донесоа победа на домашниот тим.
Со овој триумф Наполи се наоѓа на првото место на табелата со 15 бода, додека пак Џенова е на 19-тата позиција со само два бода од 6 натпревари.