Шкендија (А) го доби дербито со Беласица и се искачи на врвот

123

Шкендија од Арачиново ја продолжува победничката серија во Втората македонска фудбалска лига. Новакот во второлигашката конкуренција, на дербито во струмица славеше со 1:0 против екипата на Беласица и со тоа успеа да се израмни по бројот на бодови со струмичани на врвот на табелата.

Победничкиот гол за гостите беше дело на Еркан Шаип во 78 минута. Во една акција со удар од далечина Шаип ја погоди пречката, но топката среќно се одби од домашниот голман и заврши во неговата мрежа.

ПретходноАлкалоид без проблем го освои Куманово
СледноМКК Куманово тргна со победа на гости во Чаир