Jувентус преживеа, Пулишиќ трагичар во Торино

24
фото: Lega Serie A (X)

Екипите на Милан и Јувентус ремизираа 0:0 во вечерашниот дерби натпревар од италијанската Серија А. Иако фудбалерите на Милан ја контролираа играта и редеа шанси пред голот на противникот, натпреварот заврши без голови.

Милан беше далеку подобар ривал упатувајќи 13 удари кон голот на противникот, но ниту еден не заврши во мрежата на домаќините. Дури и „росонерите“ не искористија пенал во 53-тата минута преку Кристијан Пулишиќ.

Со ова реми Милан остана на 3-тото место на табелата со 13 бода, а Јувентус се наоѓа на 5-тото место со еден бод помалку.

ПретходноФеникс 2010 со убедлива победа ја започна новата сезона
СледноМиовски остана без тренер, Расел Мартин доби отказ