Се играше финишот на првиот дел од средбата Фалкирк – Глазгов Ренџерс, кога Бојан Миовски успеа да постигне гол и со тоа да му донесе водство на својот тим од 0:1 на ова гостување.
Секако дека ова е добра вест и за селекторот Благоја Милевски во пресрет на дуелите во квалификациите за СП против Белгија и Казахстан овој месец.
Инаку ова е прв гол за Македонецот во елитната лига на Шкотска откако дојде во тимот на Ренџерс. Има еден и во Купот.
🚨🚨 Bojan Miovski 41′
Scottish Premiership | 🏴 Falkirk 0-1 Rangerspic.twitter.com/TGMeV31tuc
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 5, 2025