Најдовски: На паузата да одиме како лидери на табелата

104
FOTO KOCO SOTIROVSKI

Денеска на Арената Тодор Проески во Скопје, во рамките од деветтото коло од ПМФЛ шампионатот, се игра дербито помежу Вардар и тимот на Струга Трим Лум. Ова се двете екипи кои до овој момент најмногу покажаа во домашниот шампионат и не случајно се на самиот врв на табелата.

Овој дуел ќе покаже кој во моментов е по кадарен да биде лидер на табелата, и да ги постави нештата пред репрезентативната пауза.

„Да, според мене ова е одлична можност да победиме и да бидеме први на табелата на репрезентативната пауза која што следува по овој меч. Вардар тоа го посакува. Нормално, респект за противникот, кој несомнено има квалитет и кој што впрочем и го покажа тоа во овие осум досегашни кола. Но ќе повторам, нас трите бода ни се приоритет“ – вели Филип Најдовски па додава.

„Верувам и се надевам дека таа наша серија без пораз ќе трае иако покрај Струга имаме уште две дерби средби потоа по паузата. Сепак, на вакви мечеви се покажува квалитетот, кој пак ние несомнено го поседуваме. Не е лесно да се игра и да се бараат трите бода на секој меч, ете во Куманово не успеавме да победиме иако и таму со сите сили се обидувавме да го сториме тоа. Но, тоа е зад нас, имаме нов предизвик, а тоа е тимот на Струга. Играме на домашен терен, пред своите навивачи и мора да одиграме подобро од колку во Куманово против Башкими. Потоа како лидери да заминеме на пауза„ – вели стоперот на Вардар, Филип Најдовски.

 

 

ПретходноМеси со хет-трик асистенции во новиот триумф на Интер Мајами (ВИДЕО)
СледноАлдегер е вториот најмлад победник во МОТО ГП