Патрик Клајверт во свое време, пред две децении и повеќе, беше еден од најдобрите напаѓачи во светот на фудбалот. Неговите игри за репрезентацијата на Холандија, како и за Ајакс, Барселона, Милан и други никогаш нема да се заборават.
Токму поради него презимето Клајверт се споменува со целосен респект.
Интересно. Патрик има три сина кои исто така се фудбалери и по се она што се случи изминатата недела тој може да биде и тоа како горд.
Имено сите тројца за само неколку дена постигнаа голови за своите екипи.
На 1 октомври Шејн Патрик (18), кој игра за младиот тим на Барселона постигна гол против ПСЖ во младинската Лига на Шампионите и учествуваше во победата од 2:1.
Еден ден подоцна Рубен Клајверт (24), одигра цел меч за Лион против Салцбург во Лигата на Европа и постигна гол во победата на неговиот тим од 2:0.
Во петок на 3 октомври, на сцената се појави највозерасниот син на Патрик, Џастин Клајверт (26), кој настапи за Борнмут и беше стрелец на вториот гол против Фулам во меч кој неговиот тим го доби со 3:1.
Ете затоа Патрик Клајверт деновиве е најгордиот татко во светот на фудбалот.