Халанд го врати Сити во битка за врвот на Премиерлигата

35
фото: Manchester City (X)

Во последниот натпревар од седмото коло на Премиер лигата, Манчестер Сити на гостински терен го победи Брентфорд со 1-0.

Единствениот гол го постигна Ерлинг Халанд, кој потврди дека е во фантастична форма. Норвежанецот постигна гол во својот деветти натпревар по ред во сите натпреварувања, и за клубот и за репрезентацијата. Со оваа победа Сити станува сериозен кандидат за титулата, иако имаше прилично слаб старт на новата сезона.

Сега тимот на Пеп Гвардиола заостанува само три бода зад лидерот Арсенал.

ПретходноДеби за заборав: Тошевски одигра прв меч за Дендер и доби црвен картон
СледноОдегард ќе паузира најмалку до средината на октомври