Аспас го израмни рекордот на Селта стар 50 години

69
фото: Celta (X)

Легендата на шпанска Селта, Јаго Аспас го израмни рекордот по број на настапи за тимот од Виго.

38-годишниот напаѓач синоќа го одигра својот 533-ти натпревар за клубот, израмнувајќи го досегашниот рекорд на поранешниот дефанзивец на Селта, Маноло, кој траеше повеќе од 50 години.

Аспас го израмни рекордот на натпреварот против Атлетико (1:1), постигнувајќи го својот прв гол во тековната сезона во Ла Лига. Ако настапи веќе на следниот натпревар со Реал Сосиедат, Аспас ќе биде осамен на врвот на вечната клупска листа и запишан во аналите на клубот од Виго.

ПретходноСелта извојува бод против Атлетико М.
СледноЛегендата на Ливерпул ќе биде новиот тренер на Миовски во Ренџерс