Македонија зрачи со гордост, среќа и мотивација…. Милевски прозива за Белгија и Казахстан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

175

Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше закажано, а потоа и го обави собирот по повод претстојните квалификациски дуели против Белгија односно Казахстан во рамките од Мундијалските квалификации. Против „Ѓаволите“ одиме на гости на 10. октомври, а дуелот се игра во Гент, за да по три дена го пречекаме Казахстан како што сите се надеваме пред преполна Арена во Скопје.

Македонија има пред себе сериозен предизвик. Ова не е „рандом“ ситуација во која што нашиот национален тим само треба да доработи квалификациски циклус. Напротив ова е сериозен момент во кој Македонија е лидер на моменталната конкуренција, а евентуалната позитива во Гент, нас ќе не стави во пол позиција за пат кон Мундијалот во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

Селекторот Милевски, како и нашите репрезентативци прифесионален во изјавите и најавите, но она што новинарското око може да го види во Хотелот Хилтон е позитивната атмосфера, гордоста на повикот за националниот тим, како и мотивацијата уште еднаш да се израдува нацијата. Тоа не мора да се изусти, тоа се гледа. Победничката енергија на Македонија може да се почувствува.

ПретходноДеспотовски: Да ја повториме играта од Скопје против Белгија во Гент
СледноЈашари по петтипат стана државен првак во снукер