Јашари по петтипат стана државен првак во снукер

26
фото: Снукер федерација на Македонија

Берат Јашари триумфираше на третиот турнир од предвидените четири за државното првенство на Македонија во снукер и со тоа стекна недостижна предност на табелата, резервирајќи ја петтата титула во низа.

Натпреварувачкиот викенд започна со изненадување, каде што младинскиот шампион Теодор Величковски извојува изненадувачка победа над Јашари во групната фаза, по што Берат мораше да игра многу пофокусирано и да ја елиминира можноста за уште една грешка. Со не многу сигурна игра, стигна до полуфиналето каде имаше голем отпор од мотивираниот Лукревски, но кога веќе се избори за финалето, влезе во ритам и со 4:1 славеше против Владо Матоски.

Овој турнир за Јашари беше дел од подготовките за Европското првенство во снукер, каде што шампионот на Македонија ќе настапи во дисциплината „6 црвени“. Најдобрите европски играчи ќе имаат мегдан од 6 до 19 октомври во Голем, Албанија, а дисциплината во која ќе настапи Јашари се игра на 13 октомври. Снукер федерацијата на Македонија до крајот на месец октомври ќе го организира и националниот турнир во дисциплината „6 црвени“, а потоа ќе следува и младинското првенство.

ПретходноМакедонија зрачи со гордост, среќа и мотивација…. Милевски прозива за Белгија и Казахстан (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПочна новата сезона во домашните првенства во пинг понг