Македонскиот ракометен суперлигаш, ГРК Охрид предмалку објави дека ја прекинува соработката со интернационалецот од Словенија Гал Цирар, и тој си заминува од клубот.
„ГРК Охрид ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со словенечкиот интернационалец Гал Цирар кој неколку сезони успешно го носеше дресот на нашиот клуб.
Му благодариме на Цирар за се што направи за ГРК Охрид и му посакуваме успех во неговата натамошна кариера“ – стои во објавата на клубот.