Деспотовски: Да ја повториме играта од Скопје против Белгија во Гент

56

Македонската фудбалска репрезентација дефинитивно пред себе го има најголемиот квалификациски предизвик во последните десетина, петнаесет години. Македонија има шанса за нешто големо во овие Мундијалски квалификации, кои што во овој октомвриски прозорец ни ги нудат дуелите против Белгија на гости во Гент на 10. октоври и против Казахстан на 13 октовмри во Скопје. Првото место по пет одиграни мечеви и единаесетте освоени бодови нин даваат одлична стартна позиција пред последните три кола. Доколку овој октомври го „преживееме“ со позитивен скор тогаш едноставно се е можно и вратите кон Мундијалот, ширум ни се отвораат.

„Белгија е светска сила, покажавме против нив дека можеме. Тој мече приоритет, секако а потоа фокус на се останато. Со што може Белгија да не изненади, или да направи поинаку отколку во Скопје? Мислам дека може единствео поагресивно да му пристапат на мечот. Дали во Скопје не потценија? Не знам, но знам дека Македонија не им даде да играат на белгијците онака како што знаат. Ако ние ја повториме таа игра од Скопје, и бидеме сконцентрирани во текот на сите деведесет минути, мислам дека можеме да извлечеме добар резултат. Сигурно дека и бод е добар кога е во прашање гостување во Белгија, но Македонија нормално дека ќе се обиде да дојде и до три бода за да уште повеќе си го олесниме патот кон остварување на сонот, а тоа е пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико во 2026“ – изјави дефанзивецот на ОФК Београд и репрезентативец на Македонија, Стефан Деспотовски.

 

 

ПретходноГал Цирар не е повеќе дел од Охрид
СледноМакедонија зрачи со гордост, среќа и мотивација…. Милевски прозива за Белгија и Казахстан (ФОТОГАЛЕРИЈА)