Македонија се собра за Белгија и Казахстан

98

Македонската репрезентација денеска во стандардната база хотел Хилтон, во Скопје ја обави прозивката по повод претстојните квалификациски дуели против репрезентациите на Белгија во Гент на 10 октомври односно три дена подоцна против Казахстан во Скопје.

Нашиот состав е 99% истиот од со оној од претходните собири освен новитетот Давид Бабунски, кој што всушност е и повратник во националниот тим.

Селекторот Милевски во ведра и позитивна атмосфера ги пречека своите избраници, а за попладне е закажан и првиот тренинг.

Македонија има сериозна шанса во оваа кампања, во која што во моментов е лидер на табелата. Позитивниот резултат во Белгија ќе ни донесе уште поголеми шанси за историски пласман на Светско првенство.

 

ПретходноИнцидент во Третата лига: Голманот на ФК Пчиња претепан во Синѓелиќ
СледноСерафимов: Белгија и натаму е светска сила но ние покажавме дека можеме да се носиме со сите