Пелистер ја сопре залетаната Шкендија

147

Во последниот дуел од деветтото коло од ПМФЛ шампионатот, во Битола, тимот на Пелистер успеа да го сопре фаворитот Шкендија и да освои бод во ремито без голови, 0:0.

Во дуел во кој двата тима имаа добри шанси за гол, ниту една не беше искористена. Домаќинот имаше свои моменти, и во двете полувремиња, додека Шкендија и со комбинираниот состав кој што излезе на терен вечерва можеше да ги однесе трите бода од Битола.

Првата закана на мечот ја имаше Рамадани кој што биеше во 25. Минута но Јовчевски на висина на задачата. Младиот голман на Пелистер, погреши неколку минути подоцна но спаси Здравковиќ. Шкендија имаше иницијатива во првите 45. Минути но сепак, не успеа да реализира.

Красниќи по паузата прв се закани, но во мешаницата во петерецот на Пелистер шутираше над голот. Ване Крстевски беше следниот кој што се закани во 55. Минута но и тој непрецизен. На спротивната страна, најпрво Ристиќ, а потоа и Белиќ со обиди, но и тие неуспешни.

Сепак, шансата на мечот за домашните ја имаше младиот Мрмачоски излезе сам пред Амзаи, шутираше но голманот на Шкендија постави нога и ја изби топката во корнер.

Тамба го предизвика одново Јовчевски во 73. Минута, но овој повторно покажува дека е во добра форма, како и по ударот на Љатифи кој следуваше потоа. Конечно, Адеми во самиот финишт се ослободи од директниот чувар, изби сам пред Јовчевски но шутираше лошо во пад, и покрај голот

ПретходноТројца Македонци во идеалната петорка, Златевски е МВП на колото!
СледноПерез издвоил 150 милиони евра за најскапиот трансфер на Реал на сите времиња