Сензација: Задар ја прегази Црвени Звезда среде Белград

54
Фото: АБА лига

Нов срам од Црвена Звезда. По двата порази во Евролига, српскиот тим на домашен терен е поразен од Задар со 79-86. Бледата игра на „црвено-белите“ беше исвиркувана од страна на фановите, кои бараат одговорност после овој неочекуван пораз на стартот на АБА-лига.

Гостите демонстрираа многу подобра кошарка од противникот, ниту самите не веруваа дека можат да дојдат до големи бодови на ова гостување.

После овој пораз најверојатно ќе се очекува Гркот Јанис Сферопулос да биде сменет бидејќи никој не е задоволен од ова издание на Црвена Звезда.

Претходно Партизан со тесни 84-78 славеше против Крка, а Дубаи го декласираше тимот на Сплит со убедливи 92-58.

 

ПретходноУЕФА рече „да“ – Барса и Милан ќе играат лигашки мечеви во САД и Австралија!
СледноРуни остро го критикува Салах: Ван Дајк мора да разговара со него