Серафимов: Белгија и натаму е светска сила но ние покажавме дека можеме да се носиме со сите

115

Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа својот собир по повод претстојните квалификациски дуели од Мундијалските квалификации против Белгија на 10 октомври на гости во Гент односно Казахстан на 13 октомври во Скопје.

Македонија има сериозна шанса за голем  успех во оваа кампања особено затоа што по пет меча во моментов сме лидери на табелата со 11 бода.

Евентуалниот позитивен резултат во Гент ќе ни ја отвори вратата кон Мундијалот уште повеќе.

„Секако дека сме свесни за ситуацијата во која што се наоѓаме. Нови два дуели, во кој што ќе се обидеме да го дадеме максимумот, и да се покажеме во најдоброто светло, како и досега во овие квалификации. Нормално, никој не размислува за Казахстан, туку пред се за мечот против Белгија. Се знае со кого играме. Белгија и натаму е една од топ репрезентациите во светот. Нема дилеми тука. Но ние покажавме дека можеме со сите. Нашиот однос кон националниот дрес, посветеноста, пожртвуваноста не доведе до овде каде што сме. Имаме шанса за нешто големо, а таа шанса ќе биде уште поголема ако од овој двомеч излеземе позитивно. Како да се спротивставиме? Како и досега. Со максимална концентрација и посветеност, одработување на задачите. Нашата сила е во колективот. Нашата одбрана почнува со напаѓачот, нашиот напад почнува со голманот. Сплотено, тимски заеднички до уште еден позитивен резултат“ – изјави на самиот собир, нашиот дефанзивец Никола Серафимов.

 

 

 

ПретходноМакедонија се собра за Белгија и Казахстан
СледноГал Цирар не е повеќе дел од Охрид