Скандал: Во Црна Гора е уапсен потпретседателот на ЕХФ

141
Фото: Boris Pejović

Потпретседател на ЕХФ, Предраг Бошковиќ утринава е уапсен по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, како дел од истрагата против криминална група која, според обвинителството, ја организирал тамошен бизнисмен.

По апсењето, Бошковиќ беше однесен во Специјалната полициска управа.

Бошковиќ е поранешен министер за одбрана и поранешен функционер на Демократската партија на социјалистите. Тој веќе долго време е дел од Европската ракометна федерација.

Сигурно во поскоро време на оваа тема ќе се огласат и од ЕХФ.

ПретходноПерез издвоил 150 милиони евра за најскапиот трансфер на Реал на сите времиња
СледноГолема одлука: Леброн оди во пензија?