Стоилков: Мандариќ е единствениот милијардер што беше народен човек

135

Огнен Чак Дојчиновски

Еден од најголемите бизнисмени и воедно и милијардери кои што вложувал во фудбалот, и една од секако најмаркантните личности на овој спорт во изминатите децении, Милан Мандариќ почина пред неколку дена во Белград во длабока старост. Некогашниот сопственик на Портсмут, на Лестер Сити, на Шефилд Венсдеј, на француската Ница, белгиските Стандард Лиеж и Шарлоа, словенечка Олимпија, Војводина, е вистинска легенда на европскиот фудбал во деведесетитте и првата деценија на новиот милениум кога од банкротирани клубови правеше гиганти и постигнуваше одлични резултати. За американскиот бизнисмен со српско потекло веројатно допрва ќе се пишуваат книги, ќе се снимаат серии, филмови, за една бајка која што има среќен крај. За момчето кое од најмала возраст покажало сериозни бизнис афинитети и способности, а откако заминува во САД и прави сериозен капитал да ја покаже својата вистинска љубов, и пасија, а тоа е фудбалот.

Мандариќ како и секој милијардер, бепе со статус на „светски патник“, но своето прибежиште често го наоѓаше во Словенија. Пред се како сопственик на тамошниот гигант Олимпија. Како прв човек на овој клуб, пред неколку години бизнис релациите го спојуваат со нашиот менаџер Кристијан Стоилков, кој што интересно својот прв бизнис состанок го има токму со Мандариќ.

„Така судбината сакаше да јас во тој момент ја започнувам мојата кариера како менаџер. Имав закажан состанок со Милан Мандариќ во неговата канцеларија, и на огромно мое изненадување ме пречека топол, пријатен и срдечен човек. Никако налик на она што сите го замислуваме кога ќе се спомене човек кој што вреди милијарди. Не само што топло ме пречека туку од првиот момент, помеѓу нас двајца иако имаше огромна разлика во годините се создаде пријателска конекција. Од тој моментот со господинот Милан Мандариќ станавме пријатели. Бевме во комуникација цело време. Тоа беше фудбалски и бизнис фанатик. Би сакал да можеа сите да го запознаат, а верувајте дека и тој би сакал да запознае секого. Човек во години но со енергија на тинејџер верувајте. Многу често бевме заедно. Многу мечеви изгледавме заедно. Да знаете само како разговараше и раскажуваше за неговиот добар пријател Хери Реднап, легендарниот менаџер на Портсмут. За неговиот добар пријател Стив Џобс, а знаете каде…? многу често на ОМВ мензинската пупма близу Љубљана. Само ќе зазвонеше мојот телефон и ќе се слушнеше гласот… Кристо чекам те на пупму… кафе на бензинска, а до таму дошол со приватниот авион слетан во Порторош…. хахаха…“ – раскажува некогашниот голман на Хоризонт Турново, кој што се сеќавате имаше тешка повреда поради која што мораше да ја прекине кариерата.

Понуда да го преземе Вардар

Она што јавноста во Македонија не го знае, е информацијата дека Мандариќ своевремено имал понуда да го преземе Вардар, нашиот најтрофеен клуб.

„Да, тоа господинот Мандариќ лично ми го потврди. Не знам точно за кого станува збор, но дефинитивно знам дека имал состанок на таа тема. Ме распрашуваше како е можно така голем клуб, така сериозно име во мак фудбалот, да е во таа катастрофална состојба. Зошто не дошло до негово преземање на ФК Вардар искрено не ги знам деталите, но дефинитивно имало комуникација на оваа тема, а и желба од страна на Мандариќ но…“ – ни открива Стоилков детал кој што еве очигледно малкумина го знаат.

Војводина негова голема љубов

„Секако во неговиот живот имал можност да води многу клубови, имал понуди да преземе уште толку сигурно, но чувствувам дека Војводина му беше омилениот клуб. Постојано зборуваше за неа. Играл и како дете во младинските категории за овој клуб. Знаеше да каже за Црвена Звезда дека помагал и таму, но дека никогаш не би можел да го води тој клуб, затоа што таму се знае кој се прашува“ – додава Стоилков раскажувајќи другарењето со светски познатиот бизнисмен Милан Мандариќ.

„Секако дека ќе ми недостасува. Таков човек ретко се раѓа. Еден во милион…. од него научив многу, и се надевам дека ќе имам можност да ги искористам дел од советите кои ми ги даде кога станува збор за бизнисот и фудбалскиот „занат“ – истакнува Стоилков.

 

 

 

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА: 1.250.000 ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ДОБИВКИ ВО СЕПТЕМВРИ!
СледноБелгија се собра за дуелот со Македонија