Судиска комисија: Правилна одлука на ВАР тимот на натпреварот Вардар – Струга Трим Лум

271

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија информира дека одлуката донесена во 51. минута од натпреварот помеѓу Вардар и Струга Трим Лум, одигран во рамките на 9. коло од Првата македонска фудбалска лига, е исправна.

По преглед на видео снимката, беше потврдено дека по центашутот на Маневски, одбранбен играч на Струга Трим Лум, Илиевски играл со рака во сопствениот казнен простор, по што главниот судија со помош на ВАР технологијата правилно досуди казнен удар во корист на домашниот тим.

Судиската комисија ја потврдува правилноста на одлуката, која е во целосна согласност со Правилата на играта и ВАР протоколот.

ПретходноКанаваро пристигна во Ташкент, денеска го презема Узбекистан
Следно„Халанд е најдобриот стрелец што некогаш играл во Англија“