У19: Селими го објави списокот за контролните натпревари против Црна Гора

107

Македонската репрезентација до 19 години на 9. и 12. октомври против Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари. Селекторот на нашите надежи до 19 години, Ерхан Селими за пријателските натпревари во Даниловград и Подгорица ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Павал трјковски (Партизан, Србија);

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена Звезда, Србија), Давид Стојаноски (Браво, Словенија), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Мурџески (Вардар), Назиф Цека (Шкендија), Емир Шаботиќ (Вардар), Агон Бајрами (Фортуна Дизелдорф, Германија), Мичо Поповски (Вардар);

Среден ред: Каменчо Андоновски (АП Брера), Кренар Хоти (Работнички), Марко Киш (Сесвете, Хрватска), Ариф Локи (Коге, Данска), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкупи), Ненад Дамјаноски (Домжале, Словенија);

Напад: Хисар Али (Фероникели, Косово), Стефан Бранковски (Марибор, Словенија), Давид Ивановски (Винтертур, Швајцарија);

Репрезентацијата до 19 години се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. Од 12. до 18. номеври, Португалија е домаќин на турнирот на кои ќе се соочиме со домашната селекција, Белгија и Естонија.

ПретходноСо ора и огномет беа пречекани фудбалерите на Шкендија (А) по победата во Струмица
СледноШкендија сака триумф во Битола по тешкото гостување во Шпанија