Во пресрет на мега дербито со Вардар по репрезентативнта пауза Шкендија влегува со паника, недоверба и кикс од Битола по денешниот дуел со Пелистер и очајните 0:0. Актуелниот првак од Мадрид „слета“ во Битола и по поразот од Рајо Ваљекано од 2:0 во историското деби во групната фаза од Конференцискта лига, следувше шок и кикс на „црвено-црните“ на гостувањето каде изминатите недели победуваа екипи како Арсими и Башкими.
Тоа што висеше Шкендија на минатите „тенки“ средби со Силекс, Работнички, Тиквеш… ете сега го платија со загубени два бода кај тимот кој имаше пет порзи во серија. Тетовци како да влегоа со многу голема доза на сигурност, самобендисаност и со резервен тим на стартот од средбата. Тимот на тренерот Јетон Беќири ги имаа шансите и иницијативата, но го имаа и борбениот противник и тешкиот влажен терен во Битола. Тренерот реагираше од клупата, уфрли тешк артилерија но минутите брзо минуваа, а резултатот беше оној стартниот 0:0.
Со оглед на рекциите во Тетово, за Шкендија ова е голем кикс во пресрет на супер важниот дуел со Вардар. Загубени два планирани бодови, неубедлива игра кој се повторува од коло во коло но ете сега и со „негативен“ резултат. Првакот се фати во сопствената „стапица“ но за нив добро е што ете сега имаат пауза за одмор иако нејасно е за што се одмараа главните играчи (голманот Гаје, репрезентативецот Решат Рамадани и Клисман Цаке не ни беа во записникот). Љатифи, Красничи, Ибраими и Тамба беа уфрлени од клупата но и тие немаа свој ден, немаа решение како да го спасат тоа што не смееше да се загуби.
Од друга страна пак голем бод за Пелистер, но недоволен да се угаси црвениот аларм во Битола. Само еден бод на последните шест натпревари и тешка битка за опстанокот во елитата.