30 години по дебито на неговиот татко: Синот на Буфон дебитираше во Серија А!

107

Луис Томас Буфон, синот на легендарниот италијански лман Џанлуиџи Буфон, го одигра својот прв натпревар во Серија А вчера, точно триесет години по дебито на неговиот татко во „калчото“.

Буфон јуниор влезе во игра во 77-та минута на натпреварот меѓу Болоња и Пиза кога натпреварот одамна беше решен. Болоња веќе водеше со 4-0, и тоа беше резултатот со кој заврши натпреварот.

Буфон Џуниор е член на Пиза од 2023 година, а игра на позицијата крилен напаѓач. Неговиот славен татко го одигра својот прв натпревар во Серија А за Парма, кога имаше 17 години (и 295 дена) во ноември 1995 година. Луис е син на Буфон од  бракот со Алена Середова, а поради тоа Луис досега играше за јуниорските категории на чешката репрезентација, но сè уште има право да игра за сениорскиот тим на „аѕурите“.

ПретходноБВА Балкански Куп: Грчки АЕК прв меѓународен предизвик за Фит Фан Волеј
СледноКанаваро пристигна во Ташкент, денеска го презема Узбекистан