Напоредно со нашиот собир, денеска во Скопје, и противникот репрезентацијата на Белгија ја имаше својата прозивка во својата база.
Нашиот национален тим ќе им гостува на „Ѓаволите“ на 10 октомври во рамките од Мундијалските квалификации. Македонија можеби на изненадување на многумина е лидер во групата по пет одиграни мечеви, а овој следниот шести по ред, ќе биде очигледно клучниот.
Белгија во Скопје го имаше своето деби во оваа кампања и се „сопна“ со ремито 1:1. Во тој момент противникот се свести дека против себе има репрезентација која што очигледно може да одигра со секого, па веројатно сега многу посериозно ќе ја свати Македонија.